Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДРАМА НА БУЛЕВАРОТ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Три возила во судир, има повредени

На 06.10.2026 во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(59) од Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(29) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(48) од с.Батинци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“, додека со телесни повреди 29-годишната Т.Р., констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

ДЕСК

Приведени четири лица осомничени за разбојништвата со последица смрт во Хром и Ѓорче Петров

ДЕСК

Приведен 62-годишник од струмичко по пријава дека ја нападнал сопругата

ДЕСК