Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Спасовски ќе ја предводи државната и црковната делегација од Република Северна Македонија по повод „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Оваа година ја имам честа да ги предводам државната и црковната делегација од Република Северна Македонија, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски Јосиф, а по повод учество на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел.
Свечената церемонија на предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, е предвидена утревечер, во 20.00 часот, со директен пренос на МРТ.

Можеби ќе ве интересира

Економските реформи и европската интеграција во фокусот на средбата со полскиот амбасадор

ДЕСК

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

ДЕСК

Беким Сали од Даблин: Наследството на Охридскиот договор треба да се одразува во секојдневниот живот на граѓаните

ДЕСК