9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

„Филхамонија“ посакува и џез оркестарот да бидат „номади“ и да шетаат по објекти, како што тие правеа седум децении

Со формирањето на НУ Оркестар на џез музика, Министерството за култура се обиде да донесе прогресино врешение и новина на културната мапа на државата, со цел поголем развој на џез музиката и нејзина промоција.

Како локација за оваа новоформирана културна институција, Министерството за култура и Владата ја избраа зградата на Филхармонија, каде што џезерите и нивните колеги ќе може заедно да творат и организираат настапи. Сепак, ваквата одлука беше дочекана „на нож“ од страна на вработените во Филхармонија, кои одбиваат да делат простор со џез оркестарот.

Тоа што е симптоматично во целата ситуација е што и до сега ЗЏМ Биг бендот фуункционираше во просториите на Филхармонија и не ги узурпираше просториите, како што се плашат сега вработените во Филхармонија.

Од ЗЏМ Биг бенд истакнуваат дека нивната индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е долга, а изминтите седум години работат во нивните простории и никогаш немало проблем.

За време на припремите и пробите никогаш не добивме забелешки дека овие активности на било каков начин ја попречуваат работата на Филхармонија. Напротив, пробите се правеа тогаш кога во просториите, поточно во една просторија, немаше други активности од оркестарот и ансамблите на Филхармонија, или не беа користени за друг тип приватни настани“ реагираат тие.

Со ваквиот однос на вработените во Филхармонија тие ги осудуваат џезерите да станат „номади“ и да шетаат од објект во објект, како што тоа беа токму тие седум децении, се до 2017 година кога беше пуштен во употреба нивниот објект.

По носењето на одлуката на Владата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска била на најавен состанок во Филхармонија, но од Синдикатот ѝ пренеле дека немаат желба да разговараат со неа.

„Останувам на зборот дека ќе ја исполниме обврската да изнајдеме трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани. Како министерка за култура, но пред сè како човек, не можам да дозволам, а уште помалку да го разберам ова ниво на некултура, особено не на дел од уметниците, кои до пред некоја година беа добредојдени во неколку институции од културата додека да го добијат заслужениот дом“ напиша министерката на Фејсбук.

Спонзорирано: