22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Отворен Балкан е забрзувач на македонската и регионалната евроинтеграција

Иницијативата „Отворен Балкан“ не само што ја забрзува нашата европска интеграција, туку и создава услови ние практично да спроведуваме дел од европските стандарди заедно со земјите од регионот, како подготовка за она што ќе се случува после нашиот влез во ЕУ со сите земји членки, вели во интервју за „Локално“, Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Според него доаѓањето на Јаков Милатовиќ на претседателската функција во Црна Гора политичките текови обезбедуваат таа држава да има и премиер и претседател кои се силни поддржувачи на приклучувањето кон Отворен Балкан.

-Преку Отворен Балкан практицираме европски вредности, европски економски политики и европски начин на соработка со нашите соседи. Оттука, оваа регионална иницијатива не само што ја забрзува нашата европска интеграција туку и создава услови ние практично да спроведуваме дел од европските стандарди заедно со земјите од регионот, како подготовка за она што ќе се случува после нашиот влез во ЕУ со сите земји членки. Така што, да, Отворен Балкан е забрзувач на македонската и регионалната евроинтеграција и реализатор на европски економски политики во нашиот регион, вели Забрчанец.

Спонзорирано: