Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Судир меѓу автобус на ЈСП и автомобил, има повредени

На 08.04.2023 околу 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Чакаларов“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Скопје и автобус на ЈСП Скопје „јутонг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Р.(51) од Волково, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило Т.М. и неговата сопатничка Е.К.(36) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПРЕВОЈОТ СТРАЖА: Мотоциклист повреден во судир на три возила

ДЕСК

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ВЕЛЕС – ГРАДСКО: Возач тешко повреден откако излетал од патот

ДЕСК

16885 сообраќајни прекршоци во мај, 4.473 за непочитување на пропишаната брзина, одземени се 238 возила по член 300-б од Кривичниот законик

ДЕСК