Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тешката сообраќајка близу Кавадарци

На 08.04.2023 околу 20.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Кавадарци-Ресава, на место викано „Криви Дол“ кај Тиквешко Езеро, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.А.(42) од Кавадарци и патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(43) од с.Бегниште, кавадаречко.

Во несреќата возачот Ј.Т. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот П.А., сопатничката В.А.(35) и малолетна сопатничка во возилото „голф“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кавадарци. Увид извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПРЕВОЈОТ СТРАЖА: Мотоциклист повреден во судир на три возила

ДЕСК

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ВЕЛЕС – ГРАДСКО: Возач тешко повреден откако излетал од патот

ДЕСК

16885 сообраќајни прекршоци во мај, 4.473 за непочитување на пропишаната брзина, одземени се 238 возила по член 300-б од Кривичниот законик

ДЕСК