Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да ги сопре работите на надзорот за Коридорите 8 и10д

И според „Транспаренси“ изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен“, само на Јавното обвинителство (ЈО) му требаат месеци за да побара запирање на работите. Требаше да помине повеќе од еден месец како медиумите, граѓаните, стручната јавност и ВМРО-ДПМНЕ нотираат корупција во изборот на надзорот за изградба на Коридорите 8 и 10д за ЈО да каже дека води истрага, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното денешно партиско соопштение.

„Наместо штури објаснувања, ЈО да побара запирање на работите на надзорот и да спроведе брза истрага, која ќе гарантира дека парите на народот не се раскрчмуваат со матни зделки, и ќе санкционира секаква нерегуларност Власта го компромитираше целиот процес со надзорот. Со амин на Груби фирма која до вчера произведувала долна облека сега ќе врши надзор над проект тежок милијарди. Истиот тој Груби сега е назначен за координатор на проектот, а надзорот за кој постојат бројни обвинувања непречено почна да наплаќа милиони од државна сметка. Затоа секое непостапување на ЈО само ќе го загрози државниот интерес и парите на граѓаните, и тоа исто како и целиот процес ќе бидат дел од ревизија по промена на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК