Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маж ја нападнал сопругата, внук бабата – насилство во Скопје

Полицијата информираше за три случаи на семејно насилтво што во текот на завчерашниот ден се случиле во Скопје.

На подрачјето на Шуто Оризари, полицијата го привела С.Ш.(61) поради напад врз неговата 57 – годишна сопруга.

Во Ѓорче Петров, приведен е малолетник кој физички ја нападнал неговата 64 – годишна баба. Детето, потоа, со остар предмет упатило и закани кон неа и неговиот татко.

По целосно документирање на случаите ќе следат пријави, велат од полицијата.

МВР јавува и за случај од синоќа по полноќ, кога 30-годишна скопјанка пријавила дека во скопско село, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиното момче Л.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК