Centar.mk
БИЗНИСвест

Инспектори ги тресат маркетите кои не ги почитуваат мерките – еве колку казни се напишани

На ден 05.04.2023 година, инспекторите од Државен пазарен инспекторат контролираа субјекти на цела територија на Република Северна Македонија по Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 донесена од страна на Владата која се однесува на цените на замрзнување на овошјето и зеленчукот и тоа на следните производи:

– свежи домати,
– свежи краставици,
– кромид,
– карфиол,
– свежи зелени пиперки,
– грав,
– леќа,
– банани,
– портокали,
– мандарини и
– лимони.

Извршени се над 250 контроли и надзори и има забележано 2 прекршувања на Одлуката за што дополнително ќе бидат издадени соодветни прекршочни платни налози. Од контролите е заклучено дека производите опфатени со оваа Одлука се продаваат по цени во согласност со Одлуката и се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава.

Инспекторите се и понатаму на терен.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +