Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Столтенберг: НАТО со поддршка за Северна Македонија за одбрана против хибридните кампањи со кои се соочува

„При посетата тим на НАТО во Скопје со Владата на Северна Македонија беа договори низа на чекори. Овие чекори се и краткорочни и долгорочни, што НАТО и сојузниците ги преземаат за да ја поддржат Северна Македонија во бранењето против хибридните кампањи со кои се соочува“ изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на НАТО Министрите за надворешни работи.

Тој додаде дека НАТО е секогаш тука да ги поддржи сојузниците, како што сега го прави тоа со поддршката на Северна Македонија за справување со различните видови на хибридни и сајбер закани.

„Сакам да ја пофалам Владата на Северна Македонија за брзата и детална работа во развивањето на програмата за соработка што ја договоривме“ рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека НАТО и сојузниците се подготвени да дадат техничка поддршка на земјава, како и засилена соработка за борбата со дезинформациите.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК