Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Приведени двајца крадци во Кавадарци, одземеното вратено на сопственикот

Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Е.М.(20) од Кавадарци и Д.Џ.(20), со привремен престој во Кавадарци.

Тие се сомничат дека од двор на куќа, сопственост на К.Н.(55) од с.Крушевица, општина Росоман, одзеле повеќе предмети.

Лицата биле приведени во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК