Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прва епизода од серијалот „Успешни приказни“

Серијалот на “Успешни приказни” е моќна порака до сиот македонски народ и до сите граѓани, посебно до младите луѓе дека може да се биде успешен и во нашата држава. Овде е борбата. Овде се случува европеизација на државата. Овде се реформите што треба да ги правиме. Во Северна Македонија допрва ќе се крева економскиот стандард на граѓаните и ќе се унапредува животот на народот. Сите овие предизвици се поголеми дома и имаат поголемо вредносно значење за сите нас како граѓани на оваа држава. Во другите земји од Западна Европа, тоа е веќе постигнато. Затоа треба тука да работиме и вложуваме за наш личен успех, но и за успехот на државата и граѓаните. Со работниот и интелектуалниот капацитет и квалитетот кој го поседуваме може да се напредува и успева и дома. Тука се остава трага. Тука, дома, може да оставите свој личен печат.

За почеток на серијалот Асс Д-р Наталија Цоклеска Шунтов, детски хирург во ЈЗУ Клиника за детска хирургија ја раскажува својата Успешна приказна.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК