Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски во Словенија, во фокусот зајакнување на соработката меѓу двете земји

Премиерот Димитар Ковачевски е во официјална посета на Република Словенија, заедно со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Претпладнево премиерот Ковачевски беше пречекан со највисоки државни почести од неговиот словенечки колега, Роберт Голоб.

Следува тет а тет средба на премиерите Ковачевски и Голоб, по што ќе има и билатерална средба на македонската и словенечката делегација, проследена со потпишување заедничка декларација со премиерот Голоб, за зајакната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

Долгогодишното пријателство на Република Северна Македонија и Република Словенија има потенцијал да придонесе во многу процеси од значење за регионот и за ЕУ и во таа насока е и денешната официјална посета на премиерот Ковачевски и владина делегација на Словенија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК