Нема да има покачување на платите на функционерите за 78 отсто, по одлуката на Уставниот суд со кој беше укинато замрзнувањето на основицата на функционерските плати.
„Напоменуваме дека досегашното “замрзнување” на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставен Суд, а која со одлука на Уставен истата практично се укинува. Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот.
Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, оттаму појаснуваат дека Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Апелираме и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања“ се вели во владиното соопштение.
Од Владата апелираат да не се шпекулира и да се прибегнува кон популистичка реторика и активности, да се разговара реално и со факти.
По одлуката на Уставниот суд реагираше и претседателот на Македонија Стево Пендаровски преку Фејсбук кој даде предлог со законско решение да се намали вредноста на бодот, за да не отидат платите до плафон.
Реагираше и јавноста, но и експертите.
Целакоска: Од УПОЗ имаат утнато прва децимала – а тоа значи 17.8% а не 78%
Со свое видување на работите излезе и професорката Емилија Целакоска која на фејсбук напиша:
Мислам дека изворот на веста „78%“ потекнува од Трпе Деаноски, главниот на Синдикатот на УПОЗ (Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани). Човекот има згрешено и оваа грешка се има претворено во лажна вест. Самиот во текстот дава пример. Вели „…Што значи дека оној функционер што имал коефициент на плата од 3, примањата ќе му се зголемат на околу 94 илјади денари, а претходно примал 80.000 денари. “
Ова е точно, 26755*3=80265 (околу 80000). Бидејќи просечната плата од годинава е околу 31500 (од 31525 до 31867 најмногу, не знам точно), кога ќе го помножи тоа со коефициент на сложеност 3, новата плата ќе му биде околу 94500. И сега, во сметањето на процентот, изгледа пресметувал во 3 децимали, (31525*3-26755*3)/(26755*3) =0,178, а тоа значи 17.8% а не 78%.
Има утнато прва децимала, напиша Целакоска.