Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Синоптичарите со најнова прогноза – Какво време да очекуваме?

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во западните делови утрото ќе биде студено, со температури околу -3°C, додека дневните ќе достигнат до околу 8°C. Во југозападните региони температурите ќе се движат од околу 0°C наутро до 12°C преку ден.

Во централниот дел од земјата се очекуваат утрински температури околу 4°C, со максимални дневни до 16°C, додека во јужните делови ќе се движат од 4°C до околу 13°C.

Во источните региони утринските температури ќе бидат околу 1°C, а дневните ќе достигнат до 11°C, додека во југоисточните делови ќе биде најтопло, со температури од 6°C до 18°C.

Во североисточниот дел ќе биде најстудено наутро, со температури до -1°C, додека дневните ќе достигнат до 12°C.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК