25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Брнабиќ: Преку Отворен Балкан увозот од Северна Македонија порасна за 56%, големи придобивки имаат сите

Голема благодарност до претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, но и на сите во Собранието што придонесоа за тоа да се ратификуваат договорите од Отворен Балкан, за да можеме конечно да ги имплементираме договорите, рече српската премиерка Ана Брнабиќ.

-Така граѓаните и стопанството уште повеќе ќе видат корист од оваа иницијатива. Ние ќе продолжиме да имаме технички работни состаноци на оперативно ниво и тие се одржуваат наредната недела.

Таа додаде дека и Србија и останатите земји имаат корист од иницијативата Отворен Балкан.

-Во трговската размена помеѓу Србија и Северна Македонија, Србија има значаен суфицит. Нашиот извоз бил во 2022 година преку 940 милиони евра, додека нашиот увоз бил преку 511 милиони евра. Но, она што го донесе Отворен Балкан е дека нашиот увоз од Северна Македонија во Србија многу брзо порасна, односно 56 проценти. Оваа иницијатива создава баланс и во овој момент можете да видите дека трговската размена повеќе и одговара на Северна Македонија, кажа Брнабиќ.

Таа додаде дека слична е паралелата и со Албанија.

-На сите им е во корист иницијативата и се надевам дека кога ќе видат следната година за 2023 година конкретни показатели и останатите во регионот ќе сакаат да се приклучат на иницијативата. Да решите да се приклучите на ваква иницијатива изгледа е само политичка одлука. Економски паметна одлука е да се приклучите. Тоа е и симболично одлично за младите, да покажеме дека нашата иднина може да биде подобра, истакна српската премиерка.

Според неа, само врз основа на иницијативата БДП на земјите може да порасне за седум проценти.