Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Реконструкција на влада – тепачка за фотелји

Соопштение на СДСМ:

Во тендер коалицијата владее хаос.

Партијата ЗНАМ повеќе не постои. Преостанати се само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев.

ВМРО стои зад Минчев, додека Максо си бара подобра позиција за себе.

Сите знаат дека им преостануваат уште само неколку месеци за тендери, пред Мицкоски да распише избори.

Состојбата во ВМРО не е подобра. Министерот за внатрешни работи е во отворен судир со други министри. Секој сака да остане во својата фотелја.

Деновите се бројат до празната државна каса, па сите брзаат со своите тендери.

Додека на јавноста ѝ се претставуваат „добри резултати“, зад затворените врати на Белата палата се води тепачка за позиции и лична добивка.

Ако резултатите се толку добри на оваа Влада, зошто тогаш реконструкција?

Додека граѓаните гледаат во празните паричници и фрижидери, зад ѕидовите на власта се води борба за уште тендери и уште лично богатење.

Вака изгледа кога на власт е организирана криминална група. Кога шефот на бандата Мицкоски ја води политиката, настануваат војни меѓу криминалните кланови.

Ако не се договорат за позициите, ќе има измислен изговор за избори.

Буџетот е празен, а тие брзаат да се задолжат уште повеќе. За само две години натоварија 2,5 милијарди евра нов долг врз грбот на народот.

Стотици тендери и стотици милиони завршија во џебовите на овие криминалци со бугарски пасоши и државјанства.

Во меѓувреме, обичниот народ чека по 10 часа на граница, младите размислуваат за заминување, земјоделците се борат да преживеат, работниците тешко врзуваат крај со крај, а пензионерите имаат помалку пари од месец во месец.

Наскоро ќе дојде време на вистина и правда. Враќање на европскиот пат, кога сите до еден ќе одговараат.