Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Брнабиќ: Северна Македонија е водечка земја во Отворен Балкан, а приклучувањето во иницијативата е економски паметна одлука

Српскиот културно-информативен центар во Париз ќе се даде на користење на промоција на иницијативата „Отворен Балкан“, кажа српската премиерка Ана Брнабиќ.

-Република Северна Македонија и нивното министерство дадоа согласност за програмата за промоција на Отворен Балкан. Бев во контакт со албанскиот премиер Еди Рама, за и нивното министерство да даде согласност и да почнеме со имплементација. Практично, еден наш центар во Франција, воцентарот на Париз, ќе биде користен за промоција на културите на Србија, Северна Македонија и Албанија, истакна Брнабиќ.

Таа додаде дека земјава има водечка улога во иницијативата Отворен Балкан, а придобивки имаат сите.

-На сите им е во корист иницијативата и се надевам дека кога ќе видат следната година за 2023 година конкретни показатели и останатите во регионот ќе сакаат да се приклучат на иницијативата. Да решите да се приклучите на ваква иницијатива изгледа е само политичка одлука. Економски паметна одлука е да се приклучите. Тоа е и симболично одлично за младите, да покажеме дека нашата иднина може да биде подобра, истакна српската премиерка.

Можеби ќе ве интересира

Понеделник е неработен ден

ДЕСК

ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

ДЕСК

Бизнис форум во Стокхолм: Потврден силниот потенцијал за унапредување на македонско-шведската економска соработка

ДЕСК