3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се: Доаѓа студен и влажен бран со пороен дожд, грмежи, а некаде и снег – Метеоцентар со детална прогноза

Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, со умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Повремен локален дожд ќе има и во недела. Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Потоа во следните два дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремен дожд, а на повисоките места од снег.

Прогноза за 02.04.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Прогноза за 03.04.2023
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Облачно со врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2), локално проследени со ретки грмежи. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 04.04.2023
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Спонзорирано: