Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пендаровски: Невкусно е во време на криза да се покачуваат плати на функционери

Претседателот, Стево Пендаровски, изјави дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет.

Во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, тој ја повика Владата да предложи законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.

Со одлуката на Уставниот суд за укинување на двата члена од Законот се овозможува зголемување на платите на избраните и именуваните лица за 78 отсто.

Законот се однесува и на примањата на премиерот, претседателот, собранискиот спикер, министрите, но и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции, а во групата спаѓаат и уставните судии.

Според пресметката на Синдикатот на управа, правосудни органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), со оваа одлука платата на претседателот ќе скокне од 93.000 денари, на 165.000 денари. Платите на премиерот Димитар Ковачевски, и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе се зголемат на околу 2.500 евра, додека пак платата на министрите ќе изнесува околу 1.800 евра.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК