Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Цените паѓаат, а платите растат

Престедателот на СДСМ Димитар Ковачевски со одговорни, навремени и ефикасни мерки и политики успеа да го ублажи ударот од глобалната економска криза, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение.

„Инфлацијата е зауздана, цените паѓаат, а истовремено растат платите и пензиите.

Намалени се цените на лебот, тестенините, јајцата, оризот, млекото и млечните производи.

Минималната плата од март годинава е покачена на 20.175 денари. Минималната плата континуирано се зголемува од 2017 година кога изнесуваше 8.900 денари, а во некои сектори и само 6.000 денари.

Просечната плата во државата за пет години се зголеми за 44 проценти и сега е околу 34.000 денари.

Пензионерите од овој месец добиваат историски највисоко покачување на пензиите за 8,4 проценти, со што просечната пензија се зголемува од 17.666 на 19.150 денари.

СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики, што го заштитуваат и унапредуваат животниот стандард на сите граѓани“, се наведува во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Народот на овие избори покажа зрелост, падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на народот

ДЕСК

Филипче: СДСМ останува најсилна опозициска партија

ДЕСК

Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ

ДЕСК