7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАНАУКАИЗБОР

Оваа сабота покрај Земјата ќе помине астероид од 70 метри, поблиску од Месечината

Новооткриениот астероид ќе помине покрај нашата планета на оддалеченост од околу 160.000 километри, што е ретка појава за астероид со таа големина, што се случува еднаш на десет години.

Астероидот 2023 DZ2, од групата Аполо, беше откриен во средината на јануари, првично се проценува дека е со дијаметар помеѓу 40 и 100 метри, па веднаш беше класифициран како објект блиску до Земјата, што претставува мала закана за нашата планета. Сепак, ќе прелета покрај нас оваа сабота, на 25 март, на растојание од околу 175.000 километри, што е помалку од половина од растојанието до нашиот природен сателит, Месечината.

Кога оваа среда, астрономите собраа доволно податоци за траекторијата на овој астероид, го отстранија од листата на потенцијално опасни, но нема да ја пропуштат можноста да го набљудуваат овој викенд. Само еднаш во десет години се случува толку голем астероид да се најде толку блиску до Земјата.

Како резултат на тоа, неговата привидна магнитуда ќе достигне ниво од околу 9,9, што значи дека нема да биде видлива со голо око, но може да биде видлива со подобар двоглед. Телескопите, пак, деновиве ќе бидат насочени кон небото и ќе собираат податоци за ова парче вселенски материјал. Освен професионалните опсерватории, 2023 DZ2 веројатно ќе можат да го видат и оние со малку подобри аматерски телескопи.

Спонзорирано: