Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето се менува – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

До понеделник дневните температури ќе бидат релативно високи, освен во сабота кога во северните делови ќе биде малку посвежо и ќе има преодно наоблачување со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од понеделник ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, повремено поинтензивни, со засилен најпрвин јужен ветер, а потоа со северен ветер кој ќе дува неколку дена и кој ќе донесе значително опаѓање на температурата.

Прогноза за 25.03.2023
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотрајно пороен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 26.03.2023
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 27.03.2023
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Умерено до значително облачно со повремени врнежи, пообилни попладне и во вечерните часови и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој преку ноќта ќе премине во северен.

Можеби ќе ве интересира

Северна Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ

ДЕСК

ВЛЕН: Мала Речица е во состојба на клиничка паника бидејќи Демократската унија за интеграција (ДУИ) веќе не брани народ, туку исклучиво ги штити криминалците што му се по мерак на Али Ахмети

ДЕСК

Македонија и БиХ ја продлабочуваат соработката: билатерална средба помеѓу Минчев и Буноза

ДЕСК