Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Тасевска: Го зголемуваме лимитот за Мој ДДВ на 2.100 денари за тромесечје, за повеќе пари кај граѓаните

Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ:

Парите назад кај граѓаните е концепт од кој СДСМ не отстапува.

Преку сериозни мерки и политики обезбедуваме повеќе пари во семејните буџети и го зајакнуваме економскиот стандард на сите граѓани.

Една од најуспешните мерки на Владата предводена од СДСМ е мерката Мој ДДВ за поврат на дел од ДДВ-то директно на сметките на граѓаните.

Вчера, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица со кои лимитот за поврат на ДДВ кај граѓаните од 1.800 се зголемува на 2.100 денари по тромесечје.

Тоа значи дека секој поединец во текот на годината може да оствари поврат на ДДВ од најмногу 8.400 денари.

Корисниците на апликацијата МојДДВ, чиј број постојано расте и се искачи на над 520.000 зголемените суми ќе ги добијат на своите сметки во мај, за периодот јануари – март 2023 година.

За три години преку оваа мерка кај граѓаните се вратени 4,2 милијарди денари или околу 68,3 милиони евра.

Тоа значи дека секоја година над 22 милиони евра завршуваат директно кај граѓаните.

Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати во борбата против сивата економија, но и за зајакнување на стандардот на граѓаните, што е особено добредојдено во време на светска економска криза.

Продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани, продолжуваме со реализација на мерки и политики што го штитат и унапредуваат животниот стандард.

Можеби ќе ве интересира

Шведска и Северна Македонија – пријателство и соработка за посилни врски меѓу парламентите

ДЕСК

Заменик претседателот на Владата Фетаи на средба со швајцарскиот амбасадор Сомер

ДЕСК

СВР Охрид предупредува на голема измама: Непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори

ДЕСК