17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Герасимовски: Разгледуваме можности да ја повлечеме дозволата за градба на улицата „9 Мај“

По рушењето на дел од улицата „9 Мај“ за Универзалната сала Општина Центар разгледува поригорозни мерки за инвеститорите кои градат спротивно од законските регилативи. Во изјава за медиуми денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски рече дека причинетите штети по одронот на улицата ќе паднат на товар на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ кој неколкупати досега не ги почитуваше опомените на инспекторските служби и наспроти законските прописи продолжи со изведување градежни дејствија.

„Разгледуваме законски можности да доколку некој од инвеститорите не гради според законот и според одобрението коешто е дадено од страна на општината, општината го стопира и ја повлече дозволата за градба. Утрово ја разгледувавме и таа можност но во моментов ни треба да што побрзо самото земјиште се осигура и се обезбеди онаа јама којашто треба да ги заштити околните згради“, изјави Герасимовски.

Инспекцијата на Општина Центар досега му има изречено неколку опомени на инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“. Општинската инспекција во последната опомена му наложи на инвеститорот да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезбедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење. Со изоставувањето на армирано бетонските колови, инвеститорот ги довел во опасност околните објекти, а вчера пропадна и дел од улицата „9 Мај“, каде што се наоѓа и спорното градилиште. Денеска Општина Центар напишана казна од 12.500 евра за инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ и изведувачот „Арадико Коп ДООЕЛ увоз извоз“, чие градилиште неколку пати беше затворено од градежната инспекција.

Спонзорирано: