Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Ова е за првпат досега, да се организира ваква конференција на Интерпол во нашата држава, што се совпаѓа со стогодишнината од постоењето на Интерпол

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за внатрешни работи за организирање на 50-та Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, во мај 2023 година во Охрид.

Ова е за првпат досега, да се организира ваква конференција на Интерпол во нашата држава, што се совпаѓа со стогодишнината од постоењето на Интерпол, но и триесетгодишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, при тоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК