Centar.mk
БИЗНИСТЕМАТОП ВЕСТИ

Бектеши: Имаме најевтини цени за јајца во регионот, цената ќе се замрзне за да нема поскапување за празниците

„Моментално сме најевтини во делот на цените на јајцата во регионот. Нема да дозволиме покачување на цените поради зголемената побарувачката поради Велигден, рамазанските пости и Бајрам“ рече министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција.

Тој кажа дека на седница на Владата ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата, согласно цените кои биле претходно, а не денешните.

„Како Министерство за економија имаме конкретен предлог за цената на оризот и јајцата. Тоа нема да биде денешната цена, туку ќе биде една од цените од месец март“ рече Бектеши.

„Во делот на шеќерот и брашното, согласно податоците на царинската управа за увозните цени и цените со кои се произведува имаме намалување и тоа очекуваме да продолжи, па затоа таму нема да преземаме мерки во моментов“ рече Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

КУРСНА ЛИСТА ЗА 5 НОЕМВРИ – Колку денари се 100 евра, долари, фунти и франци?

ДЕСК

ПРЕДЛОГ ЗА ЗАПИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ – Црна Гора бара решение за снабдувањето со пелети

ДЕСК

ЕУ СО НОВА ТУРИСТИЧКА СТРАТЕГИЈА – Поддршка за малите компании и подобро управување со посетителите

ДЕСК