Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Преку буџетот на Министерството за култура се финансирале одбрани на докторати

Повеќе не смееме да дозволиме објавување на годишни конкурси за култура без суми и во годишен конкурс на Министерство за култура да се финансира одбрана на докторат на еден од сегашните советници на одредени претседатели на партии, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во Канал77.

-Еве земете годишен конкурс од 2010 година. Никаде не пишува сума и кој за што добива пари, како што сега се знае и започнуваат дебати кој колку пари за каков проект има земено, па да се прави компарација едни меѓу други, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека буџетот на Министерството за култура не смее да го достигне таквото ниво.

-Еден од главните предизвици за наредната година е да оставиме буџет за култура кој ќе биде на завидно ниво и без нетранспарентно да се трошат парите. Имаме три последователни извештаи на Заводот за ревизија во кои се реагира како шретходно се трошеле парите, не само по однос на годишната програма, туку и на самото работење на Министерството за култура, кажа министерката.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК