11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Се судрија “пасат”, “кордоба” и паркиран автобус – Полицијата јавува за повредени

На 16.03.2023 во 07.10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, во Камењане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксфаген пасат“, управуван од 45-годишниот Н.Р. од Камењане и „сеат кордоба“ што го управувал Б.С.(42) од тетовско Синичане, како и автобус „мерцедес“ со тетовски ознаки, паркиран од Р.Ф.(55) од Камењане.

Во несреќата, возачот на возилото „кордоба“ се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршиле екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Спонзорирано: