Centar.mk
БИЗНИС

Исплатени директните плаќања за одгледувачите на говеда и пчелни семејства

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата за директните плаќања за обележани грла говеда и дирекните плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства.

Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, односно земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 20 пчелни семејства.

8016 одгледувачи на говеда добиваат финансиска поддршка во вредност од 288 милиони денари.

185 милиони денари се исплатени спрема 5099 баратели кои поседуваат пчелни семејства.

„Во текот на изминатата недела се реализираат повеќе исплати кои го опфаќааат сточарскиот и живинарскиот сектор. Исплатени се субвенциите за говеда, овци, кози, маторици, пчели, бројлери и амортизирани несилки. Вкупната финансиска поддршка која е исплатена изнесува 1 милијарда и 170 милиони денари. Од почетокот на годината, вклучувајќи ги и исплатите за растителното производство, исплатената поддршка за само еден месец изнесува 2.7 милијарди денари. Со овие сериозни средства ја покажуваме посветеноста на Владата, министерството и АФПЗРР за задржување и зголемување на земјоделското и сточарското производство” посочува директорот Бачовски.

Можеби ќе ве интересира

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК

Високите цени на дизелот закотвија половина од холандската рибарска флота

C +

Дали треба да има скратена работна недела? Ако се усвои оваа мерка македонските граѓани ќе работат 4 наместо 5 дена за иста плата

ДЕСК