Во времето на ВМРО-ДПМНЕ земјава беше презентирана како рај за евтина работна сила со минимална плата од 8 000 денари, а денес минималната плата е 20 175 денари што е неколку пати повеќе од тоа што било пред само пет шест години, кажа премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Сител телевизија.
– Просечната плата 34 000 денари во нашата држава меѓутоа ако навлезете во одредени дејности висината на платата е многу повеќе од просечната плата, рече Ковачевски.
Тој кажа дека е задоволен што системските решенија од минатата година даваат резултат.
-Платата од 15.000 кога јас дојдов како премиер сега е 20.175 денари, зборувам за минималната основна плата, без минат труд, без било какви други додатоци. Што се однесува до тоа исто така влијае и на зголемување на другите плати, само врз основ на ова зголемување на други 27.000 работници ќе им биде зголемена платата кои што ги имаат усогласено своите колективни договори со законот за минимална плата. Приватниот сектор таму веќе најголемиот дел работи над минималната плата…Сите плати се усогласени, таму ако некаде не постои усогласеност тогаш треба да се реагира, секој работник може да реагира и нормално ќе следи веднаш тоа се исклучоци веројатно каде што ќе следи веднаш усогласување и нормално дека ќе биде исплатено тоа што не било исплатено од моментот кога требало да се направи усогласувањето, рече Ковачевски.
Тој додаде дека во понеделник ќе бидат повикани претставниците на синдикатите во Министерството за економија поради анализите за потрошувачката кошничка.
-Постои недоследност во пресметувањето, бидејќи последнава пресметка дали заради превид или заради одредена техничка грешка постои двојно пресметување на инфлацијата…Значи 43.000 денари, дојдовме до 43.000 денари, кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт беа потребни 4 и пол минимални плати..Не, не сега се ќе збориме за реалноста, 4 и пол минимални плати беа потребни за една минимална кошничка, сега се потребни 2,2 минимални плати за една потрошувачка кошничка, односно 2,1 минимална, имаме дупло зголемување на стандардот на работниците коишто работат со минимална плата.