11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Двотретинските реформи не смее да се уценуваат, обврските кон ЕУ не се за дневна политика

Премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Сител телевиија кажа дека до целосно зачленување во ЕУ нашата држава, како и секоја друга држава, треба да донесе одредени одлуки коишто се однесуваат на исполнување на критериумите предвидени од ЕУ како и обврските од преговарачката рамка, којашто е усвоена со заклучоци од страна на македонското собрание со мнозинство гласови.

-Од тие обврски не може да се прави дневна политика, бидејќи ние и до крајот на зачленувањето ќе имаме уште одлуки коишто ќе треба да се носат со двотретинско мнозинство во Собранието, реформи на јавната администрација, реформа на децентрализацијата, реформа на судскиот систем, реформа на обвинителскиот систем, тоа се се реформи кои се носат со двотретинско мнозинство. Тие двотретински реформи не можат да бидат предмет на уцена, тие се предмет на стратешка определба на државата, исто како што биле и во други држави коишто пристапувале во ЕУ, кажа Ковачевски.

Според него двотретинското мнозинство кое е потребно за уставните измени е потребно за државата, бидејќи ако досега 17 години земјата имала вето од други земји за отпочнување на преговорите со ЕУ или за зачленување во НАТО, сега за првпат можеме сами себеси да се блокираме.

-Не преговараме со Бугарија, ние преговараме со ЕУ, ние преговараме врз основа на критериуми и скринингот кој што кога ќе заврши, целата јавност ќе се увери што се ние како држава треба да направиме како реформи во сите области со цел да ги спомнеме критериумите во однос на зачленување во ЕУ. Тука се однесува и на владеењето на правото, и на реформите на јавната администрација, и на владеењето на демократијата и на акцискиот план за заштитата на малцинските права, кажа Ковачевски.

Тој информира дека Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу нашата држава и ЕУ за првпат се одржува во Скопје.

-Првиот состанок е одржан пред 22 години, ова е прв состанок којшто се одржува во Скопје, на овие годишни состаноци се разговара за темите кои што биле клучни во текот на изминатата година а ние имаме што да кажеме за изминатата година, бидејќи после 17 години чекање ги отпочнавме преговорите со ЕУ, скринингот оди според планот и според сите извештаи од Брисел нашите тимови исклучително подготвено ја презентираат и претставуваат државата во Брисел, го потпишавме договорот Фронтекс каде што јасно .. дека македонскиот јазик е на едно ниво со сите јазици во ЕУ, без никакви додавки , придавки, појаснувања и така натаму и жал ми е што опозицијата излезе од салата кога се гласаше договорот Фронтекс, бидејќи досега ништо не поддржале сметам дека овој ќе го подржат, меѓутоа .. сила ниту ова да го поддржат, на тој состанок нормално дека ќе разговараме и затоа што претстои, ќе разговараме и за севкупните односи кои што ги имаме со ЕУ, со соседните држави секако и за чекорите кои што треба да ги направиме во текот на периодот кој што е пред нас, вклучително и уставните измени меѓутоа и на реформите во сите области кои што се потребни со цел унапредување на државата и правење на државата на ниво која што ќе одговара на земјите членки на ЕУ, истакна Ковачевски.

Спонзорирано: