Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Бизнис

Зошто правата на интелектуална сопственост (ИПР) се важни за поттикнување на трговијата меѓу страните на ЦЕФТА?

Права на интелектуална сопственост – концепт со кој често се среќаваме, за кој многу се зборува, а сепак сè уште изгледа апстрактно, имајќи го предвид фактот дека заштитата на овие права е речиси недостижна за малите и средни компании. Токму затоа го рушиме митот – што се правата на интелектуална сопственост? Зошто се важни? И кои се плановите на ЦЕФТА за дополнително да ја поттикне трговијата со спроведување на рамката за правата на интелектуална сопственост?

Кои се правата на интелектуална сопственост и зошто се важни за економијата?

Главната цел на правата на интелектуална сопственост е заштита и спроведување на правата на авторите и сопствениците на пронајдоци, дизајни, креативна работа. Со тоа правата на интелектуална сопственост го поттикнуваат развојот и дистрибуцијата на нови производи и услуги. Правата на интелектуална сопственост опфаќаат широк опсег, тие вклучуваат права од индустриска сопственост како патенти и трговски марки, но и авторски и сродни права кои ги среќаваме во креативните области – уметност,  музика, филмот и слично. Правата на интелектуална сопственост, исто така, ги штитат неоткриените информации, попознати како трговски тајни и знаење, обезбедувајќи фер конкуренција меѓу компаниите.

Заштитата на правата на интелектуална сопственост има витална улога во растот на денешните економии. Помага да се промовираат иновациите, овозможувајќи им на иновативните компании да растат со тоа што им овозможува да ги разликуваат своите производи од оние на конкурентите. Ова е особено важно за старт-ап претпријатијата и малите и средните претпријатија, бидејќи заштитата на нивните иновации го израмнува полето за игра што им овозможува да се натпреваруваат со многу поголеми компании.

Заштитата на интелектуалната сопственост, исто така, им користи на потрошувачите и на општеството во целина. Истата им помага на потрошувачите да им се обезбедат иновативни производи и услуги, а конкуренцијата што ја создава, исто така, има тенденција да ги намали цените. Друг важен аспект е тоа што помага да се заштитат потрошувачите од фалсификувани и пиратски производи, чувајќи го нивното здравје и безбедност, бидејќи овие производи често не се во согласност со безбедносните стандарди.

 

Кои се потешкотиите со кои се соочуваат бизнисите?

Неодамнешните студии покажаа дека во областа на законите и регулативите за интелектуална сопственост, сите страни на ЦЕФТА во претходните години имаат имплементирано промени во своето законодавство и истото во голема мерка е усогласено со одредбите од договорот на Светската трговска организација (WTO) за правата на интелектуална сопственост поврзани со трговија (TRIPS) и правото на ЕУ.

 

Сепак, бизнисите сè уште се соочуваат со тешкотии во спроведувањето на правата на интелектуална сопственост. Компаниите и стопанските комори известуваат дека се соочуваат со следниве пречки:

 

  • Скап и долг процес на регистрација поединечно за секој пазар и/или на ниво на ЕУ,
  • Сè уште постои присуство на гео-дискриминацијата,
  • Правните системи не нудат доволна заштита, а судските процеси се скапи и долги,
  • Царинската управа нема унифициран правилник за утврдување на правата кои произлегуваат од интелектуалната сопственост (т.е. да се провери дали нешто е копија или оригинал).
  • Канцелариите за Интелектуална сопственост кои се задолжени за заштита на овие права немаат доволно размена на пракса со другите страни на ЦЕФТА
  • Недостига усогласување, систематизација и електронски систем на царинските управи

 

Зошто правата на интелектуална сопственост се важни за унапредување на трговијата меѓу ЦЕФТА страните?

 

Што се однесува до македонскиот пазар, агенцијата за интелектуална сопственост, БЕРИН, истакна дека глобализацијата, олеснетите можности за трговија на светскиот пазар и зголеменото економско значење на интелектуалната сопственост се двигатели на економскиот раст. „ ИПР особено промовираат директни странски инвестиции (ДСИ) и со поттикнувањето на иновациите, им овозможуваат на големите и малите компании палета на алатки кои ќе помогнат да се поттикне нивниот успех и во корист на потрошувачите и општеството преку

континуиран тек на иновативни, конкурентни производи и услуги и проширување на

целокупната состојба на знаење на општеството. Резултатот се состои од циклус на

заедничко користење и експлоатирање на новото и корисно знаење, што на крајот му

носи придобивки секому во општеството. Глобализацијата, олеснетите можности за трговија на светскиот пазар и сè поголемото економско значење на интелектуалната сопственост се двигатели на економскиот пораст. Оттука и улогата на ПИС односно секторите кои се потпираат на ПИС претставуваат значителен дел од развиените и економиите во развој, во однос на БДП, вработеноста, даноците, приходите и стратешкото значење. ИПР, исто така, промовира странски директни инвестиции (СДИ) и трансферот на технологија во развиените и земјите во развој. Интегрирањето на пазарите на стоки и услуги ќе им овозможи на малите економии на ЦЕФТА да станат дел од не само регионални, но и глобални синџири на снабдување и производствени мрежи, што пак би ги намалило трошоците за потрошувачите и да ги направи овие економии попривлечни за странски инвестиции. Згора на тоа, од регионални рамки, интеграцијата е предуслов за влез во ЕУ, што би подготвило отворање на регионалниот пазар на услуги ЦЕФТА економиите за функционирање во рамките на единствениот пазар на ЕУ. “

 

Што значи новата рамка на ЦЕФТА во однос на правата на интелектуална сопственост?

 

Една од целите во делот за меѓусекторски трговски мерки од Акциониот план за заеднички регионален пазар 2021-2024 година е да се донесе нова рамка за аспектите на интелектуалната сопственост и сродните права поврзани со трговијата до 2023 година.

 

Целта на новата рамка е да обезбеди хармонизирани регулативи или минимални стандарди за правна заштита во различни области на ИПР, како и да ги унапреди постапките за извршување кои бизнисите ги препознаа дека недостасуваат и имаат потреба од подобрување. Новата рамка ќе ги земе предвид ЕУ и глобалните (TRIPS) практики и дополнително ќе се зајакне со подобрување на координацијата помеѓу канцелариите за ИС.

 

Експертите на ЦЕФТА веќе се согласија на техничко ниво за текстот на Одлуката на Мешовитиот комитет, со која се бара придржување до најновите законодавни случувања на Европската унија.

 

Одлуката на Мешовитиот комитет ќе се стреми да ја олесни соработката меѓу Страните во областа на заштитата на правата на интелектуална сопственост преку:

 

  • Усогласување на минималните стандарди за заштита и спроведување на правата од интелектуална сопственост меѓу Страните со цел да се отстранат трговските бариери поврзани со правата на интелектуална сопственост;
  • Промовирање на технолошките иновации, пренесување и ширење на технологијата меѓу Страните; и
  • Промовирање на ефикасна и соодветна заштита и спроведување на правата од интелектуална сопственост преку обезбедување дека спроведувањето на мерките и постапките за извршување сами по себе не стануваат бариери за трговијата.

 

Усогласените минимални стандарди го вклучуваат принципот за недискриминација меѓу ЦЕФТА страните, така што заштитата што се обезбедува на поединци или бизниси во една ЦЕФТА страна се обезбедува и за поединци или бизниси од други ЦЕФТА страни. Ова исто така важи и во случај на каков било поволен третман на која било од ЦЕФТА страните, исто така се однесува на поединци или бизниси на други ЦЕФТА страни.

 

Одлуката, исто така, воведува усогласен режим на исцрпување на трговските марки и дизајни помеѓу страните на ЦЕФТА со цел да се олесни слободната трговија. Доколку стоките или услугите се легално пласирани на пазарот на која било страна на ЦЕФТА, нивната заштита на трговската марка или дизајн се смета за исцрпена, а стоките или услугите може да се тргуваат помеѓу поединци или бизниси од ЦЕФТА страните без да се повикуваат на правна заштита. На овој начин се зголемува конкуренцијата. Понатаму, Одлуката става силен фокус на промоција на технолошките иновации и трансфер на знаење помеѓу ЦЕФТА страните, преку обезбедување хармонизирани правила за неоткриени информации, особено во однос на компензација на штетите, во согласност со правото на ЕУ. Исто така, ќе се формира ново тело на ЦЕФТА, Поткомитетот за права на интелектуална сопственост, кое ќе ја зајакне соработката помеѓу одговорните органи во рамките на Страните.

 

Во пракса, Одлуката ќе овозможи координација меѓу Страните за воспоставување унифициран пристап за заштита и спроведување на правата на интелектуална сопственост. Како производ на оваа координација, наскоро ќе имаме размена на информации во реално време релевантни за спроведување на царинските мерки, имплементација на онлајн алатки и дигитализација на досиејата поврзани со правата од интелектуална сопственост, активности за подигање на свеста и воспоставување пултови за помош за интелектуална сопственост и фокусни точки за ангажирање на малите и средните претпријатија. во заштитата и развојот на нивните права од интелектуална сопственост преку едукативни активности и континуирана соработка со телата на Европската Унија, особено Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија.

 

Новата рамка на ЦЕФТА е мала, но важна дел во рамките на Акциониот план за заеднички регионален пазар, кој придонесува за зајакнување на ЦЕФТА интеграцијата на правата на интелектуална сопственост како дел од заедничкиот пазар, олеснувајќи ја трговијата со стоки и услуги во рамките на ЦЕФТА и трговијата со Европската унија за поодржлива и инклузивна економија.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе