Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени пет крадци од Штип, расчистени пет кривични дела

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија пет кривични дела, од кои три кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, извршени во периодот од јануари до март годинава од куќи, товарно возило и магацин на територијата на општина Штип.

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Џ.И.(33), С.Р.(22), П.Н.(43), Д.Џ.(32) и еден малолетник, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +