Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонијаТОП ВЕСТИ

Заев ветуваше 18 илјади минимална плата до 2024 година, година порано таа надминува 20 илјади денари

Со последната корекција, со растот на трошоците за живот и просечната плата, повторно расте минималната плата и овој пат таа се искачи на 20.175 денари. Покачувањето од 2.175 денари ќе значи дополнителен буџет за граѓаните за да се надомести изгубената куповна моќ поради растот на трошоците во време на криза.

Поранешниот претседател на Владата, Зоран Заев во февруари 2020-тата година, презентирајќи ги економските мерки од партиската изборна програма најави просечна плата од 34 илјади денари и минималната плата од 18 илјади денари до крајот на мандатот на Владата во 2024 година. Тој сепак неколку месеци подоцна, во јуни, вети зголемување на минималната плата на 20 илјади денари, но за тоа ветувањето даде рок до крајот на мандатот во 2024 година.

-До крајот на мандатот новата влада ќе ја зголеми минималната плата на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34 илјади денари. Пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот, а најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто до 2024 година, рече Заев на предизборен митинг во Штип во јуни 2020-тата година.

Измените на законот за минимална плата, кои беа постигнати со социјален дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите овозможуваат раст на минималната плата, кој не е зависен од политичката волја на актуелниот министер, туку предвидуваат системско решение.

Пред промената на власта во 2016 година, минималната плата се покачуваше бавно и секогаш тоа беше проследено со некаква политичка позадина. Од 2012 до 2016, кога Владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ минималната плата од 8050 денари се искачи едвај до 10080 денари, најчесто како предизборен обид за добивање гласови.

По 2017 година и доаѓањето на СДСМ на власт, се промени начинот на размислување и вреднување на трудот на работниците и се пронајде решение за системско покачување на платите. Така, за само шест години по промената на власта, минималната плата се дуплираше и сега изнесува 20.175 денари.

Растот на минималната плата ја зголемува и куповната моќ на граѓаните. Пред 10 години, кога минималната плата изнесуваше 8.050 денари, минималната синдикална кошничка беше 31989 денари потребни беа четири минимални плати за едно домаќинство да може да ја обезбеди.

Ситуацијата не беше ништо подобро ни во 2016 година, последната година пред промената на власта, кога минималната потрошувачка кошничка беше 32254 денари и беа потребни 3,2 минимални плати од 10080 денари за едно домаќинство да може да си обезбеди достоинствен живот.
По промената на власта, веднаш започна да се забележува подобрување во овој аспект. Со минималната плата во 2021 година и покрај борбата со ковид пандемијата, кошничката од 34574 денари се обезбедуваше со 2,28 минимални плати од 15194 денари.

Економската и енергетската криза изминатата година, малку ја влошија ситуациајта, но сепак дури и покрај кризата и растот на цените, куповната моќ на граѓаните е повисока од најповолната во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Сега се потребни 2 и пол минимални плати од 20.175 денари за покривање на минималната синдикална кошничка, која според ССМ изнесува 51.235 денари.

Растот на минималната плата, но и вистинските економски политики, навремените и прецизните антикризни мерки доведуваат и до раст на просечната плата. За декември 2022 година, беше исплатена просечна плата од 34.364 денари со што се исполни и предизборното ветување на владејачката коалиција, една година порано.
За пет години, од декември 2017 до декември 2022 година, просечната плата порасна за над 10 илјади денари, од 23.850 во 2017 на 34.364 во 2022 година, што е раст за речиси 50 отсто.

Освен платите, со социјалдемократската влада предводена од СДСМ и коалицијата растат и пензиите, за кои исто така се најде системско решение. Повеќе од 340 илјади пензионерии за месец март ќе добијат покачување од 6,8 отсто на пензиите. Со новата методологија за системско усогласување на пензиите два пати годишно, се обезбедува постојан раст на пензиите во согласност со растот на просечната плата и растот на трошоците на живот.

На овој начин се обезбедува постојан раст на пензиите, без разлика на гарнитурата на власт и се спречува манипулација со пензионерите, како што се случуваше во годините порано, кога усогласувањето се правеше пред избори.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе