Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Битиќи: Упатувам честитки и благодарност до оние пекари кои се одважија и одговорно одлучија да застанат на страната на граѓаните

Упатувам честитки и благодарност до оние пекари кои се одважија и одговорно одлучија да застанат на страната на граѓаните. Мило ми е што ваквите примери ги има сѐ повеќе, напиша Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Владата ги субвенционираше компаниите и граѓаните во делот на струјата за да ги зашити од ударот на енергетската криза и од зголемување на трошоците. Помагаме за да се обезбеди нормално функционирање и секојдневие. Целта на субвенциите не е, и не може да биде зголемување на нечив профит во услови на криза.
Компаниите не се оштетени со замрзнувањето на цената на лебот. Ова е времена мерка со која го штитиме народот од вртоглави цени и ја штитиме државата за да нема злоупотреба на поддршката и за да може и во иднина да се обезбедува помош за компаниите, рече Битики.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +