Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кузеска: Замрзната цена на лебот, СДСМ нема да дозволи профити на грбот на граѓаните

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Нема да дозволиме никој да профитира на грбот на народот и да го осиромашува.

СДСМ е тука за граѓаните, го штити стандардот и никој не е оставен сам во време на криза.

Одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на најмногу 33 денари е оправдана, фер и во интерес на граѓаните.

Имајќи ја предвид помошта од државата во вид на драстично намалена цена на електричната енергија за пекарниците што досега ја добиваа, цените на природен гас, на нафта, пченица и брашно.

33 денари за еден леб е цената која е фер кон граѓаните, но и која носи профит кај пекарниците.

Никој нема да биде оставен сам во оваа сериозна ситуација, државата, институциите преземаат сѐ за да се спречи профит на поединци на штета на граѓаните.

Контролите на надлежните институции продолжуваат и денеска низ сите градови во државата.

Нема да дозволиме никој да профитира и да го осиромашува народот.

Оваа мерка која е за заштита на стандардот на граѓаните, наиде на критика само кај ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Само ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараат поскап леб за народот, никој друг.

Наместо да застанат зад интересите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ под заложништво на Левица се ставија зад профитерите.

Христијан Мицкоски е во целосно заложништво на Апасиев и покажува дека не му е грижа за граѓаните.

Линк до видео: https://youtu.be/QDbzFOmzgcI

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Откако, за седум години власт, СДС го уништи енергетскиот сектор, сега се против стратешките инвестиции во енергетиката

ДЕСК

Левица: 62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје – изграден од солидарност, денес уништен од корупција и алчност

ДЕСК

Полицијата уапси повеќе возачи поради возење под дејство на алкохол

ДЕСК