Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Директорот на Пазарната инспекција: Никој нема да биде поштеден, леб ќе има, инспекторите се на терен

Директорот на Државниот пазарен инспекторат порача дека одлуката за замрзнатата цена од 33 денари за белиот и полубелиот леб мора да се почитува. Тој вечерва им порача на пекарниците и маркетите дека ќе продолжат инспекциските контроли. Трајковски е дециден дека е недозволиво лебот да биде недостапен за граѓаните.

„Затоа апелирам да се почитува Одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот, а граѓаните нека бидат без грижа затоа што лебот кој е опфатен со Одлуката ќе им биде достапен. И вечерва инспекторите се на терен и вршат контроли по основа на Одлуката и понатаму ќе продолжат. Никој нема да биде поштеден од законот и ќе се санкционира без селективност! Економската криза треба да ни биде показател за солидарност, а не за злоупотреба и профитерство. Пример за тоа се производителите кои денес не се придружија во стопирањето на достава на лебот опфатен со Одлуката и непречено ги снабдуваа граѓаните“, порача директорот Трајковски.

Многумина од производителите денеска ја реализираа заканата дека нема да произведуваат и да носат леб на пазарот по укинувањето на субвенцијата за струја и по замрзнувањето на цената на лебот од страна на Владата.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК