8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ јавно бара поскап леб за граѓаните, СДСМ нема да дозволи

ВМРО-ДПМНЕ јавно побара поскап леб за граѓаните и тоа во време на криза. Белиот дворец застана во одбрана на милионски профити, против заштита на стандардот на граѓаните. Уште еднаш се потврди дека СДСМ е на страната на граѓаните штитејќи го нивниот стандард, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека со помошта од државата за далеку пониска цена на струјата, со моменталните цени на брашното, на горивата и гасот, 450 грама леб не би требало да има цена повеќе од 33 денари вклучувајќи 6 денари како профит што останува кај пекарите.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ е на страната на профитерите, на оние кои злоупотребуваат мерки за помош на граѓаните, против интересите на народот. ВМРО-ДПМНЕ беше против минималната плата, против помошта за граѓаните во време на ковид падемијата, против антикризните мерки во време на светска енергетска и економска криза.

Тоа е истата криминална партија која 11 години ги осиромашуваше граѓаните. СДСМ нема да дозволи народот да осиромашува а некој да се богати на негова сметка, се вели во соопштението.