Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаТОП ВЕСТИ

Жените во политиката порачаа: Јавно говорење, осуда и пријава на вербалното насилството клуч за решавање на проблемите

На конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува“, во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на „УН Вомен“, на панелот три за искуствата со говорот на омраза зборуваа пратеничките во Собранието, Санела Шкриељ, Моника Зајкова, Арбана Пашоли и координаторката на советничката група во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

„Крајната цел е секако обесхрабрување на жените да учествуваат активно во јавниот живот и носењето на одлуки. Политичката култура, односно некултура, изобилува со родови стереотипи, сексизам, мизогинија, говор на омраза и сето тоа дополнително го засилува насилството врз жените во политиката. Многу е важно да се истражува и следи говорот на омраза врз жените во политиката за да се укаже на штетното влијание што го има не само врз поедини жени и нивната благосостојба, туку и врз општата мотивација на жените активно да се вклучат во политичкиот и општествениот живот“ потенцираше Шкриељ.

Зајкова посочи дека, сексизмот, личните навреди, потсмев, пцовки, навлегување во приватниот живот, мизогинија се само дел од работите со кои се соочуват жените особено во политиката.

„Стануваме предмет на навреди и секакви погрдни зборови од луѓе кои воопшто не не познаваат како личности. Да ви ги покажам пораките на мојата страна по трагично од тоа што добивам ниски коментари па и слики од полови органи на мажи е што погрдни и навредливи зборови добиваме и од жени. Не знам дали тие луѓе немаат мајки, сестри или ќерки. Се додека секоја жена не застане позади друга жена, но се приклучува на тие навреди или додека ги премолчуваме, а не ги објавуваме јавно таквите напади и говор на омраза кон жените нема да заврши. Едукација од најрана возраст, јавно говорење и пријава на ваквото вербално насилство е клуч за да почнат проблемите да се решаваат. Се додека ние како жени молчиме и игнорираме тие ќе се погласни и нема да запрат,“ порача Зајкова.

Пратеничката Пашоли истакна дека жена со амбиции за професионален развој се предизвикува себеси, но и околината во која живее.

„Успехот на една жена или девојка не е случаен! Тоа е преплет на вредности, многу труд но и истрајност за надминување на предизвиците како и поддршка пред се од важните жени во нејзиниот живот,“ потенцираше Пашоли.

Координаторката на советничката група во Советот на Град Скопје, посочи дека конференциите налик на денешнава, треба повеќекратно да се организираат, и секогаш одново да се препрочитува и превреднува нивната содржина, како четиво на мудри сознајби, но и како пример за жестоката интелектуална женска будност и аналитичка обдареност, и како апел до човековата свест за штетноста на говорот на омраза и за важноста на родовата еднаквост.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Приведени крадци во Скопје

На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за… Прочитај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност, обвини Баварчиќ

Изјава за медиуми, Драган Баварчиќ, секретар на ОО СДСМ Аеродром Тимчо Муцунски во континуитет продолжува со негрижата за општината, а урбаниот хаос, негрижата за отпадот и уништувањето на зеленилото стануваат… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе