Centar.mk
ЛОКАЛНО

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници

Го поздравуваме чекорот со кој приватните превозници постигнаа договор со Градот Скопје, и исплата на долгот од 1.5 милиони евра кој Данела Арсовска конечно го призна дека постои, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Со оглед на фактот што истото го тврдеше ВМРО-ДПМНЕ во континуитет, а Арсовска и нејзиниот коалиционен партнер Апасиев, и уценетата ГРОМ велеше дека наводно така сме штителе приватен интерес, не обраќајќи внимание на посочениот факт дека нема поголем интерес од правото на јавен превоз кој Арсовска го скрати, јавно прашуваме:

Апасиев да одговори дали се уште мисли дека решавањето на проблемот со јавниот превоз е штитење на приватен интерес?

Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници?

Дали власта во Градот, Арсовска, Апасиев, СДС и ГРОМ се спремни да ги подмират штетите од хаосот со јавниот превоз?“ прашуваат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +