Centar.mk
ЛОКАЛНО

Субвенции на велосипеди за прв пат во општина Илинден

За прв пат на територија на општина Илинден се воведуваат субвенции за купување на велосипеди. Локалната самоуправа го објави Јавен повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.

Како што изјави градоначалникот, Александар Георгиевски целта е да се стимулираат граѓаните за користење на велосипеди, а износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед. Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување.

Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи нов велосипед сметано од 01.03.2023 до 30.04.2023 година.

За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

ДЕСК