8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Петровска на конференција „ Жени во политиката – говор на омраза, сенка која обесхрабрува“

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на панел дискусија посветена на жените во политиката, во рамки на конференцијата: ,,Жени во политиката – говор на омраза, сенка која обесхрабрува” во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка од UN Women.

На панелот, министерката го сподели своето лично искуство, но и нејзиниот одговор на родовата дискриминација со која се соочи веднаш по стапувањето на функција министерка за одбрана, поддршката од блиските и поддршката од граѓанските организации.

„Причините поради која денеска уште седам како министерка за одбрана и покрај сите напади на кои што јас се соочив, а сите вие бевте сведоци е токму поддршката која што ја добив, пред се од моите пријатели, пријателки и особено ме радува поддршката која ја добив од граѓанските организации, кои што всушност тогаш сфатив дека сето тоа го гледаат. Навистина беа и гласни во поддршката кон мене “, рече министерката.

“Мојата порака е многу јасна: Со говор на омраза не се служат луѓе кои имаат капацитет да создадат дела – се служат луѓе кои го немаат тој капацитет и на кои не им останува ништо друго туку да бидат демотивирачки настроени и сакаат да ги запрат оние тргнале да го променат светот на подобро”, истакна Петровска на панел дискусијата.

Петровска ги охрабри сите жени и девојки чија идна определба е политиката да не потклекнуваат на нападите и родовата дискриминација, туку со работа, храбро и одлучно да се борат против стереотипите и говорот на омраза.

„Залудно почнуваат борба против било која жена затоа што ние сме истрајни, ама сме уште посилни кога сме нападнати“, порача министерката.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК