Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

СДСМ: Неспособноста на Муцунски резултира со урбанистички хаос во општината

Соопштение на СДСМ Аеродром

Граѓаните од Аеродром, преку медиумите се обидуваат да го изразат својот револт поради урбаниот хаос во општината предизвикан од неспособноста на Тимчо Муцунски.

Во нашата општина подолг период дивеат градежни активности кои немаат соодветно решение за градење од општината, а Муцунски не прави ништо за да го спречи тоа.

Веќе неколку месеци се гради просторија – дивоградба во дворот на зградата бр. 118 на булеварот Јане Сандански, а Општина Аеродром не презема ништо во однос на тоа, со образложение дека нема градежен инспектор во општината.

Ваквата неспособност Муцунски ја демонстира од почетокот на неговиот мандат, а граѓаните секојднвено се соочуваат со проблеми во нормалното функцинирање во општината.

Муцунски повеќе од една година не успева да обезбеди градежен инспектор во општината, лице кое треба да се грижи за регулирање на инфрастуктурините активности. Граѓаните во немоќ да се справат со урбаниот хаос во општината реагираат до медиумите, институциите и други форми на организирање за да спречат урбано безаконие.

Повикуваме Муцунски веднаш да преземе активности за да престанат незаконските градежни активности во општината. Муцунски во најкус рок соодветно да постапи за конкретниот случај кој се појави во медиумите, како и да одговори на поплаки на граѓаните на општина Аеродром.

Исто така, повикуваме градоначалникот Муцунски да не се затскрива позади општинската администрација, туку тој да даде одговори за личната неспособност и урбаниот хаос поради немање на градежен инспектор во општината.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +