8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пеплосана голема површина на трска во Охрид, пожарникарите: Четири часа штитевме да не изгорат и куќи

Противпожарни екипи од Охрид вчера во текот на денот интервенираа на два пожари на отворен простор.

Според информациите, изгорена е голема површина на треска, во која егзистираат голем број на птици и животни. Опожарени се и овоштарници, а од силниот ветер имаше опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири часа.

„ Сторителите кои ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат! Изгорена е голема површина на трска во која егзистираат голем број на птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири саати ! Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца“ соопштија од Тппе Охрид.