24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Мицкоски пред амбасадори ветува уставни измени по промена на власта

Намерата е да нема предвремени избори во овој мандат, бидејќи секоја изборна година е изгубена година, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ во гостување на ТВ24.

– Кај нас ќе нема бугарско сценарио, за две години тие ќе имаат шест изборни циклуси, кај нас тоа нема да се случи. На нашите избори ќе има јасно мнозинство, на парламентарните избори во редовниот термин во 2024 година, кажа Маричиќ.

Прашан за најновите анкети, тој одговори:

-Се пласира слика дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие изборите. Мицкоски тоа го правеше и во 2020 година, дека ќе имале плус осум пратениците… До изборите има уште многу работа. Јас сум оптимист, рече Маричиќ.

Тој додаде дека повеќето граѓаните не мислам дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да им ги решат проблемите.

-Нашата идеја е сите субјекти со проевропска идеја да се обединет, тоа е фронт за обезбедување на нашата европска иднина, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот информира дека пред амбасадорите ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе се смени Уставот после промена на власт.