Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски положи цвеќе на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, на државничка церемонија по повод навршувањето на 19 години од трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски

-Денеска во Мостар, Босна и Херцеговина, во име на Владата на Република Северна Македонија, положив цвеќе на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, на државничка церемонија по повод навршувањето на 19 години од трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски и делегацијата којашто го придружуваше, соопшти министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

-Големите луѓе никогаш не умираат, тие живеат вечно во спомените на оние кои ги почитуваат вистинските вредности. Таков беше и поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој пред 19 години прерано и трагично го загуби животот.
Нека му е вечна слава на вториот претседател Борис Трајковски, порача Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК