21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски на средба со Регионалната директорка на Канцеларијата на ООН за координација на развојот Гви Јеоп Сон и Росана Дуџак-Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со Регионалната директорка на Канцеларијата на ООН за координација на развојот г-ѓата Гви Јеоп Сон и г-ѓата Росана Дуџак-Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија.

На средбата беше констатирано дека меѓусебната соработка е на многу високо ниво и од година во година се продлабочува, а како што г-ѓата Сон истакна дека Министерството за внатрешни работи е клучен, стратешки партнер на агенциите на ООН во земјава.

Спасовски и Регионалната директорка на ОН г-ѓата Сон, ја искористија можноста да продискутираат и за динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија,притоа, беше посочено дека агенциите на ООН стојат на располагање во функција на поддршка. Министерот Спасовски ги запозна соговорниците со скрининг процесот и резултатите од истиот, што беше оценето како многу успешно од нивна страна, при што тој нагласи дека е многу важно со такви оценки да се излезе и од самите преговори, како и тоа дека секоја помош и експертиза на ОН во процесот на преговорите е добредојдена.

Спасовски изрази уверување дека започнатите проекти и активности ќе се реализираат до крај и ќе ги дадат очекуваните и проектираните резултати, благодарение на одличната соработка со присутните агенции и Канцеларијата на ООН во земјата.

Спонзорирано: