Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Во Собранието се потврди владиното мнозинство од најмалку 65 пратеници

Собранието ги разреши тројцата министри во Владата кои доаѓаа од редовите на Алтернатива. Беким Сали повеќе нема да ја извршува функцијата министер за здравство, од Министерството за информатичко општество и администрација заминува Адмирим Алити, а со функцијата се збогува и Џемаил Чупи, кој беше министер без ресор задолжен за дијаспора.

Од присутните 105 пратеници во салата, „за“ разрешување на Сали гласаа 65 пратеници, а немаше ниту еден „против“ или „воздржан“. За разрешување на Алити и Чупи, пак, имаше по 64 гласа „за“ и по еден „против“.

Ваквите бројки покажуваат дека сепак владиното мнозинство е стабилно, особено со приклучувањето на Алијанса за Албанците во Владата. Претходно од власта ги повикаа сите партии и субјекти да се приклучат во т.н. европски фронт и ја оставија отворена вратата доколку Алтернатива се предомисли.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно од собраниската говорница вети нова енергија по реконструкцијата на Владата. Сега дискусијата во Собранието продолжува за новите предлози за министри и заменици-министри.

За нови министри во Владата се предлагаат: Кренар Лога (Алијанса) – министер за правда, Фатмир Меџити (Алијанса) – министер за здравство,Азир Алиу (Алијанса) – министер за информатичко општество и администрација, Каја Шукова (СДСМ) – министерка за животна средина и просторно планирање, Тирон Јајага (Алијанса) – заменик-министер за одбрана, Вјолца Бериша (Алијанса) – заменик-министерка за земјоделство, Викторија Аврамовска-Мандиќ (СДСМ) – заменик-министерка за правда, Маја Манолева (СДСМ) – заменик-министерка за здравство и Агим Нухиу (ДУИ) – заменик-министер за образование и наука.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК