Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

КИНЕСКАТА ИНДУСТРИЈА ПОВТОРНО ВО ПАД – Новите нарачки слабеат, економијата испраќа предупредувачки сигнал

Кинеската преработувачка индустрија во октомври повторно влезе во зона на намалена активност, покажуваат најновите официјални статистички податоци објавени во саботата.

Индексот на менаџерите за набавки, познат како PMI, се намали на 49,3 поени, наспроти 50,1 поен во септември.

Вредност под 50 поени означува намалување на активноста во однос на претходниот месец, додека резултат над оваа граница укажува на проширување.

Особено загрижувачко е намалувањето на новите нарачки, чиј индекс паднал на 49,4 поени. Индексот на производството изнесува 49,8 поени.

Проблемите се поизразени кај средните и малите претпријатија, додека големите компании задржале нешто подобри резултати.

Слабеењето на кинеската индустрија може да има последици и за меѓународната трговија, бидејќи Кина е еден од најголемите светски производители и потрошувачи на суровини.

Можеби ќе ве интересира

GOOGLE ГО ДОБИ ПРВИОТ ОДГОВОР ОД АИ ВО ВСЕЛЕНАТА – Сателит со специјални чипови успешно генерираше текст

ДЕСК

НОВ МОДЕЛ ЗА ПЕНЗИИТЕ НА МАСА – Граѓаните би можеле сами да избираат дали ќе уплаќаат во вториот столб

ДЕСК

НОВИОТ БУЏЕТ ТЕЖИ НАД СЕДУМ МИЛИЈАРДИ ЕВРА – Владата предвидува раст на економијата од 3,8 проценти

ДЕСК